Македонија 18. декември 2020. / 15:23

Заев: Не знаеме што е проблемот со Бугарија

Заев: Не знаеме што е проблемот со Бугарија

За време на денешната посетата на Пустец, премиерот Зоран Заев, изјави дека со Бугарија се работи на отстранување на пречката за која „не знаеме што е проблемот“. Тој истакна дека Македонија и Албанија ги заслужија преговорите за членство со Европската унија и неотпочнувањето на преговорите со ЕУ е разочарување Унијата.

На новинарско прашање околу односите со Бугарија, како што пренесува Топ чанел, Заев рекол дека се работи на отстранување на проблемот за кој „не знеме што е проблемот“.

-Ние не се откажуваме од нашиот македонски идентитет и Бугарија нема причина да покренува други претензии. Ние сме пријателски земји и треба да се помагаме, за да одме напред и целот Балкан да оди напред, рече Заев.

Според Топ чанел телевизија, неотпочнувањето на преговорите со ЕУ, тој го оценил како разочарување од ЕУ, бидејќи, како што рекол и Албанија и Македонија ги заслужија преговорите.

-Добивме едно големо разочарување и тага од ЕУ, но двете држави треба да работиме за да го продолжиме европскот пат, зашто друга алтернатива немаме. Ние сме пријателски земји и се надевам дека така и ќе останеме. Пандемијата донесе проблеми,но ние одиме напред кон интеграцијата. Имаме заеднички патишта кон ЕУ. Скопје и Тирана ги заслужија преговорите, додаде Заев.