Македонија 01. ноември 2018. / 19:21

Заев не знае дали во преамбулата ќе биде споменат Рамковниот договор

Заев не знае дали во преамбулата ќе биде споменат Рамковниот договор

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите попладнево по остварена средба со пратениците кои ги поддржаа уставните промени рече дека на нивната втора средба биле дадени насоки за понатамошните постапки кои следуваат. Заев рече дека остануваат отворени за нови амандмани кои може да ги поднесе секој пратеник. Тој не сакаше да прецизира за колку амандмани станува збор, пишува Нетпрес.

На поставено новинарско прашање рече дека сè уште не одлучиле дали во преамбулата ќе биде вклучен и договорот во Охрид.

Рече дека вечерва ги чека долга ноќ кога ќе одлучуваат за оваа работа и се останато како предлагачи на предлог уставните измени.