Македонија 17. јуни 2019. / 11:55

Заев не знае дали Македонија до 2030 година ќе влезе во ЕУ

Заев не знае дали Македонија до 2030 година ќе влезе во ЕУ

Македонскиот премиер Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервјуа за два германски весника ја потенцираат важноста на добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа година. Франкфуртер алгемајне цајтунг објавува и репортажа од гостувањето на премиерот Зоран Заев на дебатата во австрискиот Вахау за време на викендот, јавува Дојче веле.

Во пресрет на утрешниот состанок на ЕУ министрите за надворешни работи, весникот „Ханделсблат“ го пренесува оптимизмот на премиерот Заев дека неговата земја ќе добие позитивна одлука.

Очекувам позитивни и јасни заклучоци кои ќе утврдат дека годинава ќе ги започнеме преговорите за членство и со тоа ќе добиеме една дополнителна мотивација за реформскиот процес во Северна Македонија, вели Заев за „Ханделсблат“.

Што се однесува до оптимистичкото сценарио за иден влез во ЕУ, Заев вели дека тоа ќе зависи од обете страни.

Во 2025 или 2030 да станеме членки на ЕУ. Не знам. Прашање е кога ние ќе бидеме подготвени за Европа, и кога Европа ќе биде подготвена за нас. Обете страни се важни. Најважно е дека реформите на тој пат ќе бидат од корист за земјата, одговори Заев.