Македонија 28. февруари 2020. / 21:53

Заев не верува во победа: Ќе побарал по изборите техничка Влада

Заев не верува во победа: Ќе побарал по изборите техничка Влада

На прашањето дали по изборите размислува за широка коалиција помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев одговори дека токму тоа е неговиот план по изборите на 12 април.

Очигледно е дека Заев не верува дека ќе победи на предвремените парламентарни избори па уште сега го подготвува теренот за техничка Влада во која ќе учествуваат сите парламентарни партии.

-Сум спремен и тоа како сериозно да размислам после победата да ги повикам сите да влеземе внатрe сите. Да ги повикам сите. Тоа е мој став личен, не се сум го разговарал со органи и тела на партијата да влеземе и да одработиме како што треба низ поглавјата, да го скратиме процесот на преговори, да ја департизираме администрацијата, да ги вклучиме и експертите и сите капацитети на државата и да разговараме, вели Заев.