Македонија 12. јануари 2019. / 14:25

Заев: Не треба потпис од Иванов за да станеме Северна Македонија

Заев: Не треба потпис од Иванов за да станеме Северна Македонија

Одлуките за уставните измени за имплементација на Договорот од Преспа и за измените на Уставниот закон денеска ќе бидта објавени во „Службен весник“, со што тие стапуваат на сила.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање, за тоа што претседателот Ѓорге Иванов одбива да потпише ваква одлука, изјави дека неговиот потпис не е потребен.

-Фала Богу и не треба потпис на новата одлука од претседателот Иванов. Вчера заедно со измените,  Собранието донесе и проглас за амандманите и проглас за Уставниот закон, рече Заев.

Заев додаде дека веднаш по објавувањето во Службен весник македонското МНР ќе испрати известување до грчкото МНР.