Македонија 25. декември 2020. / 21:20

Заев: Не сум пробал џоинт, но тоа не значи дека не треба да поддржам нешто што јас не користам

Заев: Не сум пробал џоинт, но тоа не значи дека не треба да поддржам нешто што јас не користам

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев во гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 беше прашан дали некогаш пробал марихуана, жаргонски кажано џоинт.

Не сум пробал џоинт, но тоа не значи дека не треба да поддржам нешто што јас не го користам – порача Заев.

Во емисијата се разговараше и за планот за легализацијата на канабис/марихуана, за кој премиерот неодамна посочи дека значително ќе помогне во сферата на туризмот и угостителството.

Јас во исто време сум Македонец, ама се залагам за правата на Албанците. Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните – рече Заев во ,,Само интервју’ и објави на Твитер .