Македонија 28. февруари 2020. / 20:06

Заев: Не се сеќавам дали сум потпишал документ за пријавата на „Рекет“

Заев: Не се сеќавам дали сум потпишал документ за пријавата на „Рекет“

На денешната дебата помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски директно го праша Заев дали се сеќава дека потпишал пријава за случајот Рекет.

-Замислете пријавен е тој случај Рекет по истиот принцип земен е исказ, го потпишал обвинителот од денсна страна, дата од лева страна пријавувачот, архивирано е во архива, се постои писмено за пријавувањето на тие докази, но како што гледам никој не ве викнал на соочување да ве праша дали ова е вистина, можеби е монтиран тој разговор, сечено-лепено, не знаеме, можеби не е така, но вие рековте дека тоа е така се сеќавате на онаа провладината теливизија вие рековте така не јас, посочи Мицкоски.

Мицкоски појасни дека можеби Заев го пријавил случајот, но дека не се пријавува случајот на начин кога ќе го викнете кај вас во кабинет и ќе речете: еве видете случај сега што ќе правиме? Се знае каква е постапаката господине Заев кога се пријавува случај, посочи Мицкоски и порача: каде е тој документ дека сте пријавиле, се сеќавате дека сте потпишале документ кога сте го пријавиле случајот, нагласи Мицкоски.

– Не се сеќавам, одговори Заев