Македонија 19. јуни 2020. / 19:33

Заев: Не се секирајте, ќе одржиме безбедна кампања и 100% безбедно гласање на 15 јули

Заев: Не се секирајте, ќе одржиме безбедна кампања и 100% безбедно гласање на 15 јули

Во услови на глобална пандемија на коронавирусот, ќе одржиме безбедна кампања и 100% безбедно гласање на 15 јули, напиша Зоран Заеб на Фејсбук.

Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања. Сите настани ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани. Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните. Чувајте го здравјето и на 15 јули ќе победиме и ќе ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, напиша Заев.