Македонија 24. септември 2020. / 09:24

Заев не се појави на рочиштето од тужбата против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски

Заев не се појави на рочиштето од тужбата против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски

Премиерот Зоран Заев не се појави на рочиштето од тужбата против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Заев е навреден од изјавата на Николоски дека Заев е на врвот на пирамидата која изрекетирала 20 милиони евра.

Николоски на рочиштето побара во доказите да влезе и изјавата на Бојан Јовановски: „Парите од рекетот барајте ги кај Вице и Зоран Заев”. Исто така Николоски побара да се земе во целост неговата изјава за која Заев покрена тужба, а не селективно, додавајќи дека до судот е доставен само оној дел кој веројатно му одговара на тужителот.

Николоски побара и Заев како тужител да биде испрашан од страна на судот. Рочиштето е одложено за 20 ноември.