Македонија 09. март 2021. / 22:13

Заев: Не повикав и не побарав широка коалиција, само споделив идеја вредна за размислување

Заев: Не повикав и не побарав широка коалиција, само споделив идеја вредна за размислување

Премиерот Зоран Заев вели дека тој не понудил широка коалиција која би требало да се случи сега туку оти само ја отворил темата. А, таква широка влада, вели, би можела да се случи за еден месец, по локалните избори, од следните парламентарните избори.

Според него широката влада е модел на владеење кој може да биде најдобар за државата.

– Јас ниту сум побарал, ниту сум повикал на широка коалиција. Јас споделив една идеја која е вредна за размислување, нека размислува нашиот народ, рече Заев вечерва во Дневникот на Сител телевизија.

Тој вели дека заедно може да се направи повеќе за државата, таа да биде поефикасна, посредена.

– Можеме да направиме поголема ефикасност, да си ја средиме државата, да си го здушиме народот. Ни стигнуваат пораки – застанете еднаш заедно, застанете заед една работа заедно, да ве видиме некогаш како заедно работите за државата. Ние ќе ве гласаме на избори, некој ќе губи, некој ќе добива, но одработете за државата, рече Заев.

Понудата што ја дадов, нагласи тој, покажува растовареност од наша страна, бидејќи, тврдам дека може да имаме повеќе пратеници и од опозицијата за поддршка и тоа веројатно ќе се случи.

– Понудата може да се случи за еден месец, после локални, може да се случи од следните парламентарни избори. Но, треба некој да ја отвори оваа тема. Ова е дел од мојата нова политиката, рече Заев.

Тој додаде дека идејата за новата политика ќе ја презентира и пред членството, затоа што, како што потенцира, тоа треба да знае дека кандидатот за претседател има и вакви намери – да не биде себичен да ја зграпчи власта и да владее сам.

– Не, ќе ја споделиме власта со сите, иако сме побеници, затоа што и како СДСМ, и како Заев и како членови на сите други политички партии постоиме заради Македонија, Северна Македонија. Тоа е нашата цел, рече Заев.