Македонија 27. март 2020. / 22:56

Заев: Не можеме да кажеме дали во јуни, јули, август, октомври, ноември или декември ќе одиме на избори

Заев: Не можеме да кажеме дали во јуни, јули, август, октомври, ноември или декември ќе одиме на избори

„Проценки може да се прават уште од сега и да бидат сценарио А, сценарио Б итн, но тоа не би значело ништо посебно. Ако прашувате директно, може во јуни, може во јули, може септември, октомври, ноември па и редовни во декември“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „360 Степени“ .

Оптимистичките сценарија, според проекциите на здравствените експерти дека кулуминацијата би била за еден месец од сега, тоа е крајот на април, а после тоа би следувал процес кадешто повеќе луѓе во бројки се излечени и веќе се дома и нормално живеат, отколку што има новозаразени, и во јуни ако би биле избори… зборувам многу широко, заради што не размислуваме во СДСМ на тоа, за да може да се проектира кампања којашто не би била со групни митинзи, големи настани и слично, туку еден подруг тип на кампања, рече Заев.

Тој зборуваше за одлуката за почеток на преговорите со ЕУ и зошто нема датум за првата меѓувладина конференција што е официјалниот почеток на пристапниот процес.

По петнаесет години чекање за одлука за почеток на преговорите, ова е сериозен успех и завршува тој период на чекање. Секако, одлуката за почеток на преговорите е важна и мислам дека добивме масимум, значи е безусловна. Самата одлука јасно опишува за подготвување на целиот процес, за меѓувладината конференција и логично вика – најбрзо можно време, затоа што никој не може да проектира кога. Во драфт верзиите што беа пред кризата во февруари, се споменвуаше јуни за датумот за меѓувладината конференција, но еве, ние не можеме да кажеме дали јуни, јули, август, октомври, ноември, декември ќе одиме на избори, а не па ЕУ да каже дека може да се одржи меѓувладина конференција, изјави Заев.