Премиерот Зоран Заев соопшти дека на средбата со министрите за реформскиот План 18, ја разгледале реализацијата на реформските мерки согласно заклучоците на Европскиот совет од минатата година.
Тој на Фесјбук соопшти дека сите мерки се во добар тек и одат според планираното.
– На денешната министерска работна средба за реформскиот План 18 ја разгледавме реализацијата на реформските мерки согласно заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018. Сите мерки се во добар тек на спроведување согласно планираното и ќе бидат целосно спроведени до објавување на Извештајот на Европска комисија за Северна Македонија.
Заклучивме дека останува цврстата владина определба за уште посилни резултати на полињата владеење на правото, борба против корупцијата и криминалот, реформи во јавната администрација и реформи во безбедносниот сектор.
Направивме и план за удвојување на напорите кај сите држави членки на ЕУ кои очекуваме да ја потврдат одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ во јуни оваа година.
Нашата цел е да ги исполниме очекувањата на граѓаните, да градиме држава по европски стандарди и да го започнеме долгоочекуваниот процес на преговори со ЕУ. – напиша Заев на Фејсбук.