Премиерот Зоран Заев порача дека намерно го употребувал изразот „мултиетнички народ“ за граѓаните на Република Македонија, а ваквата негова реакција доаѓа откако тој, при добивање на наградата во Сараево, деновиве, предизвика големи реакции во македонската јавност со неговата изјава: „Јас и мојот мултиетнички народ сме навистина среќни луѓе“.
Прашан денеска дали тоа било лапсус, Заев објасни зошто го употребил тој термин.
– Македонскиот народ е секој народ во С. Македонија. Тоа е мултиетнички народ составен од Срби, Албанци, Бошњаци, Турци и други. Јас намерно го користам овој израз, сепак сите сме македонски народ, припадници на С. Македонија – објасни Заев.
Со таа негова изјава, Заев уште еднаш ги става Македонците во категорија „други“.