Македонија 19. јуни 2018. / 19:27

Заев: Најмногу ме боли промената на уставното име

Заев: Најмногу ме боли промената на уставното име

На прашањето што го боли најмногу од Договорот со Грција, премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5, рече дека тоа е промената на Уставот со цел промена на уставното име, но дека тоа било неизбежно за постигнување решение.

-Моравме да прифатиме промена на Уставот за промена на уставното име. Се уште во нашиот јужен сосед имаме бели листови на граница, имавме нападнати граѓани таму. Ете и тужбата во Хаг ја добивме и повторно евроинтеграциите не беа откочени. Мораше да се преземе овој чекор, рече Заев.