Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека во рок од 20 дена ќе направи влада, откако претседателот Стево Пендаровски денеска му го додели мандатот. Заев кажа дека преговорите со ДУИ продолжуваат и дека денеска ќе има нова средба со лидерот на партијата Али Ахмети.
Имаме сѐ уште прашања кои се отворени, а се сериозни прашања, но не би сакал сега да споделувам информации од преговорите или да коментирам барања на ДУИ бидејќи сакам да му дадам шанса на преговарaчкиот процес. Во преговорите разговараме за граѓаните, врз дијалог и разговорите ќе ги најдеме решенијата. Заедничкото решение кои ќе го најдеме ќе биде заради еднаквоста на државата. Верувам дека денес, утре, задутре ќе направиме исчекор ако се водиме од тоа што нас граѓаните ни кажале. И ДУИ треба да бидат флексибилна оти најмногу мандати на изборите освои коалицијата ‘Можеме‘. Јас верувам дека постојат опции, но црвените линии мораат да бидат интересите на граѓаните, кажа Заев.