Македонија 28. март 2019. / 09:54

Заев на средби со Села и Касами за судбината на СЈО

Заев на средби со Села и Касами за судбината на СЈО

Денеска во Собранието се закажани пратенички прашања, а премиерот Зоран Заев времето поминато во законодавниот дом ќе го искористи и за средби со лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и Билал Касами од БЕСА.

Средбата доаѓа во период кога власта е во потрага по 80 пратенички гласа за да се донесе новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО.