Од потпретседателот Мајк Пенс добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа, напиша премиерот Зоран Заев по средбата во Вашингтон.
,,Можноста да разговараме со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, доаѓа во клучен историски момент за Република Македонија. Од потпретседателот Пенс добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа.
На средбата беше истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури. Со тоа го осигуруваме мирот, стабилноста и просперитетот за нашите граѓани., напиша Заев по средбата со Пенс .
Во Белата Куќа заедно со премиерот Заев беа и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Средбата се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.