Македонија 20. мај 2019. / 10:36

Заев на средба со Хан во Виена

Заев на средба со Хан во Виена

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска ќе учествува на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија“.

Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија, ќе оствари и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Во Виена, предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.