Македонија 18. октомври 2019. / 20:12

Заев на консултации со Али Ахмети и со најблиските соработници

Заев на консултации со Али Ахмети и со најблиските соработници

Не е познат исходот од средбата во Владата каде се одржа консултацијата на премиерот Зоран Заев со лидерот на ДУИ Али Ахмети по недобивањето датум за преговори.

Владата попладнево соопшти дека во тек се консултациите на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со неговите најблиски владини и партиски соработници.

Во соопштенето се вели дека одлуката што ќе ја донесе Заев ќе биде во интерес на граѓаните и на државата.

Денеска се објавија неофицијални информации дека Заев ќе поднесе оставка на неговата премиерска функција. Исто така, објавени се и информациите дека неколкумина лидери на земји членки на ЕУ го убедувале Заев да продолжи со реформите во земјата и да не се откажува.

– Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите. Сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека ние сме целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени, брифираат од кабинетот на Заев.