Македонија 20. декември 2019. / 14:32

Заев: На избори ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 120.000 гласови

Заев: На избори ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 120.000 гласови

Запрашан да ја коментира вчерашната изјава на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека според анкетите ВМРО-ДПМНЕ има „најмалку 100 илјада гласови предност пред СДСМ“, Заев одговори дека таквите резултати веројатно се според истражувањата што ги прават нивните партиски анкетари за нивни потреби.

ВМРО-ДПМНЕ губи на анкетите и ќе изгуби. Јас сум убеден, како што реков, дека помеѓу 60 и 120 илјади гласови ќе биде резултатот во позла на СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ, нагласи Заев, одговарајќи на новинарски прашања по неформалната средба со претставници на пензионерите.