Македонија 18. мај 2020. / 15:59

Заев на фејсбук: Избори да се одржат во првиот можен рок

Заев на фејсбук: Избори да се одржат во првиот можен рок

Претседателот на СДСМ Зоран Заев смета дека изборите треба да се одржат во првиот можен термин. Додека во Вила Водно трае средбата на партиските лидери, поранешниот прмиер се огласи преку фејсбук.

– Во тек е средбата кај претседателот Стево Пендаровски. Очекуваме на прво место да биде ставен интересот на граѓаните и да се одреди конкретен датум за избори. Од здравствен, од економски и демократски апсект одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок, веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции, напиша Заев на својот фејсбук профил.