Новак Ѓоковиќ им приреди незаборавна вечер на своите навивачи по вклучувањето во живо на социјалните мрежи да ги поздрави фановите од цел свет, а тогаш прочита коментари и од наши сограѓани.
Тој зборуваше за Република Македонија, за Македонците, ја запеа „Македонско девојче“ и изрази желба да ја посети нашата земја. Земјата која тој ја нарекува по нашето уставно име Република Македонија.
Но, тогаш се јави премиерот Зоран Заев и во пост на Фејсбук го корегираше Ѓоковиќ, нарекувајќи ја нашата земја Северна Македонија.
– Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.
Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија.
Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.
Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех. -напиша Заев.