Македонија 07. септември 2018. / 12:27

Заев му се извини на Курц поради погрешното знаме

Заев му се извини на Курц поради погрешното знаме

Владата на Република Македонија упати извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија.
„Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија“, стои во соопштението од „Илинденска“.

Денеска, австрискиот канцелар Себастијан Курц беше „почестен“ со знамиња на Летонија, наместо на Австрија.