Македонија 14. февруари 2021. / 14:59

Заев му подари икона од Св. Пантелејмон на Вучиќ – цел живот ги лекувал болните

Заев му подари икона од Св. Пантелејмон на Вучиќ – цел живот ги лекувал болните

Денеска македонскиот премиер, Зоран Заев го прими првиот дел од вакцините на „Фајзер“ од страна на српскиот претседател, Александар Вучиќ, на граничниот премин Табановце.

Премиерот, Зоран Заев возврати со подарок – икона од светецот Св. Пантелејмон.

-На претседателот @avucic му подарив икона од светецот Пантелејмон, кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекувањето на болните и во служба на изнемоштените., напиша Заев на инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Зоран Заев (@zoranzaev)