Македонија 06. јануари 2020. / 09:00

Заев му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на Хрватска

Заев му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на Хрватска

Претседателот на СДСМ Зоран Заев доцна синоќа му ја честита победата на кандидатот на СДП Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска.

-Мојот другар Зоран Милановиќ вечерва победи на претседателските избори во пријателска Хрватска, согласно волјата на хрватските граѓани. Од срце му упатувам честитки на Зоран и на сестринската @SDPHrvatske, напиша Заев на неговиот Твитер налог.

Во твитот Заев истакна дека социјалдемократијата е разумна опција за регионот и Европа.

-Јасно е дека социјалдемократијата е опција на разумот, напредокот и иднината, кај нас, во регионот и во Европа. Очекуваме силна поддршка од претседателот Милановиќ за европските интеграции на Северна Македонија и за скорешен почеток на преговорите со ЕУ, истакна Заев.