Македонија 13. мај 2020. / 21:19

Заев: МПЦ требаше да користи пластични лажички а џамиите никогаш не беа затворени

Заев: МПЦ требаше да користи пластични лажички а џамиите никогаш не беа затворени

СДСМ ќе поднесе кривични пријави за настаните во Струга, изјави вечерва во емисијата „Топ Тема“ на Тв Телма лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, во врска со литијата која неодамна се одржа во Струга.

СДСМ не само што ги осуди настаните, туку побара оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој што казнува е МВР, согласно законот. СДСМ ќе поднесе кривични пријави според Член 205 кој вика дека втурнување на народ во зарази е кривично дело. Дистанца мора да има. И премиерот Оливер Спасовски јавно побара оставка од Чулев. Се работи за принцип и нешто што е темел на нашиот Устав. Санкциите се применуваат за да не се повторат, порача Заев.

Според него, одлуката на Исламската верска заедница (ИВЗ) да ги отвори џамиите била мотивирана токму од овој настан.

Ако треба да има одговорност треба да има и за ИВЗ. Ова не смее да се случува затоа што на сила е забрана за групирање. Џамиите никогаш не беа затворени, но групирањето е казниво со закон. Тој важи еднакво за сите. Ако попуштиме сега ќе ни требаат години да се вратиме назад, додаде првиот човек на СДСМ Зоран Заев.

Тој се осврна и на ставот кој МПЦ-ОА го зазеде во врска со причеста за најголемиот христијански празник Велигден. Заев истакна дека можело да се најде компромис и да се користат пластични лажички, но за жал тоа не се направило.