Премиерот во заминување Зоран Заев не знае кога точно, на кој ден и датум и како го пријавил случајот „Рекет“ и дали за тоа има официјални белешки. За да го стори тоа, ќе мора да погледне во неговата агенда.
Лидер.мк денеска, по потпишувањето на договорот за најновата странска инвестиција во државата, што доаѓа од соседна Бугарија од областа на софтверскиот инженеринг, го праша господинот Заев: Од опозицијата Ве повикуваат да кажете на кој ден и датум и на кој начин сте го пријавиле случајот „Рекет“ и дали за тоа имате некаква службена белешка?
На ова, пак, Заев одговори: