Македонија 07. мај 2020. / 15:33

Заев молчел за „Рекет“ три недели додека го „пријавил“ во обвинителството!

Заев молчел за „Рекет“ три недели додека го „пријавил“ во обвинителството!

Денешното сведочење на Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ открива нови моменти за поврзаноста на тогашниот премиер, а сега лидер на СДСМ, Зоран Заев, со главните актери.

Боки денеска објави дека Заев му кажал дека ќе има обвинение уште на 3 април 2019 година. Притоа, Заев дури тврдел дека странски служби и обвинител знаат се за случајот.

Заев до неодамна манипулираше со јавноста дека има било каква поврзаност со случајот и дека веднаш штом дознал го пријавил во Јавното обвинителство, иако никогаш не покажа записник за пријавата.

Но, датумите покажуваат нешто друго. Заев при крајот на минатата година на својот Фејсбук профил го објави датумот кога наводно го пријавил случајот. Тоа го сторил на 22 април 2019 година, односно цели 20 дена откако на Боки му кажал дека знае за рекетот.

-Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година, напиша Заев.

По ова Заев е должен да одговори зошто чекал 20 дена да го пријави случајот и дали имало пазарења помеѓу него и обвинетите во случајот.