Македонија 05. август 2018. / 13:39

Заев мисли дека гробот на Гоце Делчев се наоѓа во Благоевград

Заев мисли дека гробот на Гоце Делчев се наоѓа во Благоевград

Jас сум политичар кој што секогаш сака да внимава на изјавите кои не се во корист на нашата Македонија. Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев,  изјави премиерот Заев во Отвореното студио – Студио 1.

На големиот македонски празник Илинден, премиерот прво го посети кумановско Пелинце, а потоа замина во Благоевград, Бугарија, за заедно со Бојко Борисов да го слави овој датум важен за Македонците.

Гробот на Гоце Делчев се наоѓа во Скопје, во црквата Свети Спас. Со оглед на фактот што Заев на Илинден не беше во Скопје, не ни можел да се поклони пред гробот на македонскиот револуционер.