Македонија 11. ноември 2019. / 11:49

Заев: „Мал Шенген“ со Албанија и Србија ќе значи подобар живот за сите

Заев: „Мал Шенген“ со Албанија и Србија ќе значи подобар живот за сите

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан, напиша премиерот Заев на Фејсбук и наброја:

1.Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти;

2.Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи;

3.Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите;

4.Засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации;

5.Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации;

6.Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди, напиша Заев.