Македонија 13. април 2018. / 23:46

Заев: Македонштината е се што имаме – споменикот на Александар нема да се руши!

Заев: Македонштината е се што имаме – споменикот на Александар нема да се руши!

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ 24 вечерва изјави дека споменикот на Александар Велики нема да се руши.

Тој рече дека сѐ што имаме ни е македонштината, но нагласи дека на граѓаните им требаат повеќе пари, подобар живот и затоа се надева дека ќе има достоинствено решение за името со Грција.

Заев вели дека Грците имаат разбирање за тоа дека не треба да се чепка во идентитетот.

За себе вели дека е рационален политичар, а референдум веројатно ќе има.