Македонија 29. јуни 2020. / 17:24

Заев: Лошо се изразив кога реков дека мамето ќе им го е*ам на шарените револуционери

Заев: Лошо се изразив кога реков дека мамето ќе им го е*ам на шарените револуционери

После денешнава нова аудио бомба каде Заев вели дека Шарената револуција ќе ја собере на купче и ќе собере и шуто и рогато, и дека после мамето ќе им го еб*л, на сите што ќе влезат кај него во коалиција.

Денес Заев преку Фејсбук се правда дека лошо се изразил.

Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува, напиша Заев на Фејсбук.