Македонија 25. мај 2020. / 22:15

Заев-Курти: Двете земји добро се справија со корона вирусот

Заев-Курти: Двете земји добро се справија со корона вирусот

Во телефонски разговор претседателот на СДСМ Зоран Заев и  Албин Курти, вршителот на должност премиер на Косово и лидер на движењето Самоопределување, заклучиле дека Република Македонија и Косово доста добро се справиле со кризата предизвикана од корона вирусот.

Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот на СДСМ Заев истакнал дека до крајот на оваа недела ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.

Заев нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.

Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ. Се надевам на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово – изјавил Заев.