Претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека не очекува одложување на изборите поради ширењето на корона вирусот.
Серпак, Заев признава дека можната епидемија ќе биде причина за водење поинаков вид на кампања.
– Ги следиме трендовите, сите сме должини да ги слушаме државните органи. Премиерот не повика лидерите на поголемите партии да ни каже каков тип на кампања треба да водиме, за да се испочитуваат препораките. Не гледам причина изборите да се одложат. Можеби корона вирсот ќе не стави во поинаков вид на кампања. Видео стримови, електронски медиуми, имаме на располагање различни начини да допреме до граѓаните – смета Заев.