Македонија 23. јануари 2019. / 09:22

Заев контра Османи: Мојот пријател заборавил на заклучокот на Влада за законот за јазиците

Заев контра Османи: Мојот пријател заборавил на заклучокот на Влада за законот за јазиците

Венецијанската комисија кога дава коментари дава и упатства и ќе ги даде своите коментари. И тука нема што да се плаши некој. На Комисијата и веруваат сите, рече премиерот Зоран Заев гостувајќи на телевизија АлсатМ.

Не очекувам некој кој знае какви коментари, слабости, забелешки од Венецијанската комисија, ние сме консултирале луѓе. Законот ќе може да се спроведе. И да не се паничи дваесет милиони, педесет милиони не знам што ќе се вработувало како немало да се вработува…Ние имаме луѓе што не ни се распоредени од Преведувачката агенција. Граѓаните треба да знаат дека Струмица, Гевгелија не живеат Албанци, односно не над 20 проценти, па ме прашуваат граѓаните дали треба да правиме двојазични документи, не треба, па полицаецот ќе зборувал албански….посочи Заев.

Иако Заев зборуваше за дваесет проценти на почетокот во следно прашање вели: „Не сакам ниту една заедница да се одбележува со проценти. Во прв момент кога би се отворил Уставот ќе се заложам да не се зборува за било кого во проценти. Немаме право сега да го отвориме Уставот. Но, во првата прилика сум подготвен да разговараме и да ги тргнеме процентите“.

Сепак Заев продолжува „Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена“.

На прашање зошто тогаш ако тој вели дека и албанскиот е официјален имало соопштението од Влада во кое се вели единствен службен јазик е македонскиот, Заев со одговор „не сум го видел соопштението“.

Во контекст на тоа дали има несогласување меѓу СДСМ и ДУИ во контекст на законот за јазици, односно дека прво дека законот нема да оди во Веницијанска комисија, па оди цел, а владиниот потпретседател Бујар Османи посочува дека само делови од законот, Заев одговара:

Мојот пријател и потпретседател на владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски.

Заев и додава „јас како прв претставник на Владата мислам дека законот е уставен“.

Сепак Заев вели и дека има криза зошто „некои од политичарите сакаат да си редат пердуви, овој закон не е на ДУИ, туку на Зоран Заев, на ДУИ, на Беса, на турска партија на сите“.