Писмото со кое струшкиот градоначалник се откажува од ингеренциите за урбанистичко планирање, уривање дивоградби и доделување и одземање концесии не е пристигнато до премиерот Зоран Заев, вели тој за а1он. Премиерот вели дека за писмото слушнал само од медиумите.
Сѐ уште немам добиено такво писмо. Прочитав во медиумите, рече Заев за а1он.
Градоначалникот Мерко не одговара на телефонските повици на а1 он за да објасни дали навистина ги отстапува ингеренциите и дали испратил вакво писмо до премиерот Зоран Заев. Повеќе портали денеска објавија дека граоначалникот Мерко го известил Заев дека се откажува од дел од ингеренциите.