Вечерва во Клик Плус на ТВ21, Зоран Заев остро против ДУИ рече дека време било оваа партија да оди во опозиција.
Заев истакна дека политичко калкуланто биле изјавите за премиер албанец, и преку тоа се обидуваат да калкулираат гласови, а всушност ќе губат гласови, затоа што ја потценуваат интелигенцијата на нашиот народ.
Заев вели дека со ваков услов СДСМ нема да преговара со ДУИ, дека партијата ќе победела на избори и со тоа ДУИ ќе заминел во опозиција.
-По 17 години здраво е и за државата, а Бога ми здраво е и за ДУИ да отиде во опозиција, да видат малку што е опозиција, затоа што не виделе што е опозиција, здраво е за партијата, вели Заев.
Зоран Заев рече дека тој е единствениот што направил мултиетничка партија со се албанци внатре и е најкредибилниот да збори за оваа работа, затоа што бил растеретен по тоа прашање.
-Апсолутно око не ми трепнува за оваа работа, ваквото политичко калкуланство добива ваков одговор, вели Заев остро против Демократската унија за интеграција.