Премиерот Зоран Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири- командант Хоџа – кој го известил дека самиот ќе се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет, објави Телма.
-Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата, истакна премиерот Зоран Заев.
Џезаир Шаќири учествуваше во конфликтот во 2001 година, а во неговата лична биографија стои дека има завршено само средно образование. Тој е на американската црна листа, заедно со уште некои негови колеги, поранешни команданти на ОНА. Беше амнестиран по конфликтот, а во 2007-ма повторно се одметна и објави независност и припојување на родното Танушевци кон Косово.