Македонија 22. септември 2019. / 11:19

Заев кој шири лажни вести најави борба против лажни вести

Заев кој шири лажни вести најави борба против лажни вести

Премиерот Зоран Заев кој често ја лаже македонската јавност, како тврдењето и колнењето дека нема да има промена на уставното име, дека лани сме добиле датум за преговори, дека ќе ги пуштел снимките за Смилковско езеро, дека Фејсбук и Гугл ќе инвесираат во Македонија и уште многу други лаги, најави борба против лажните вести.

Имено Заев на својот Твитер профил објави линк до извадок од документарниот филм на Би-Би-Си за креаторите на лажни вести од Велес

Владата на Северна Македонија се спротивставува на дезинформациите во земјата. Претставивме сеопфатен нацрт-план за борба против дезинформациите. Отворени сме за соработка со сите заинтересирани сојузници, напиша Заев.