Македонија 26. февруари 2019. / 09:37

Заев ќе оди на Oпернбал во Виена

Заев ќе оди на Oпернбал во Виена

Во сезоната на балови во Австрија, Oпернбал, која ќе се одржи во четврток во Виена, е прилика за австриските политичари да повикаат колеги од странство.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на Oпернбал како свој гостин го повикал премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, пренесува агенцијата АПА.

Вице-канцеларот хајнц Кристијан Штрахе, пак, на Oпернбал го повикал шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Причина за поканата на Заев на Опернбал првенствено е договорот постигнат со Грција околу името на државата, како и во фокусот на австриската надворешна политика кон Западен Балкан.