Македонија 01. јули 2019. / 18:35

Заев ќе го моли францускиот премиер да попушти за датум за преговори

Заев ќе го моли францускиот премиер да попушти за датум за преговори

Во Познан, Полска каде ќе се одржи конференцијата ЕУ –Западен Балкан кон крајот на неделава, премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со францускиот премиер Едуард Филип, дознава Канал 5.

Отворање на пристапните преговори со ЕУ ќе биде фокусот на состанокот.

Оваа најава следува откако денеска францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одбива секакво проширување на унијата, пред да се спроведе длабоката институционална реформа.

– Мораме да ги поедностаниме процедурите за да може на побрз и подемократски начин заедно да напредуваме. Во таа смисла скептичен сум во врска со приказните дека иднината на ЕУ е во нови проширувања во ситуација која ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ. – рекол Макрон.

Инаку амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, жестоко ја критикува Владата поради неспроведување на реформите.