Македонија 16. ноември 2020. / 10:26

Заев ќе биде награден за Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор

Заев ќе биде награден за Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор

Mакедонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе биде награден од фондацијата „Фридрих Еберт“.

Наградата се доделува за посебни достигнувања и се однесува за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, Договорот од Преспа со Грција, членството во НАТО и одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија.

Наградата ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт , а на премиерот Заев ќе му ја врачи министерот за надворешни на Германија, Хајко Мас.

Премиерот Заев, во Берлин ќе има средба и со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој претседава со Советот за општи работи на ЕУ на чие заседание во вторник треба да се усвои Преговарачката рамка за Северна Македонија.