Македонија 29. август 2020. / 21:11

Заев јавно ја покани Левица во коалиција: Можна била соработка со оваа анти-НАТО партија

Заев јавно ја покани Левица во коалиција: Можна била соработка со оваа анти-НАТО партија

Во попладневото продолжение на седницата по втората пауза, мандатарот Заев реплицирајќи му на пратеникот Борислав Крмов од Левица му порача дека со ставовите и вредностите што ги изнел во делот за економијата, всушност тој не знае зошто тие како партија остануваат во опозиција.

 Не знам зошто останувате во опозиција. Според мене со една ваква дискусија имаме една убава можност за соработка, затоа што вредностите за кои зборувате се застапени во концептот едно општестово за сите, рече Заев, како одговор на изјавата на Крмов, кој рече дека тие како Левица во Собранието на сите пратеници без разлика на етничката припадност ќе им се обраќаат од позиција на класните разлики во општеството.

Инаку партија Левица е против членството на Македонија во НАТО пактот. И во многу наврати давала анти НАТО изјави, и тоа стои и во нивната изборна програма.