Македонија 21. декември 2020. / 11:47

Заев ја презентираше „Акција 21“: Прочистување на судството и борба против корупцијата

Заев ја презентираше „Акција 21“: Прочистување на судството и борба против корупцијата

Прочистување на судството и правосудстото и борба против корупцијата во рамки на таканаречена „Акција 2021 за европски стандарди“ која содржи десет приоритети, најави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.

Во рамки на прочистувањето на судството ќе има ревидирање на работата на секој судија и обвинител според реформи предложени од Судскиот совет и на Советот на обвинителите.

– Испорачуваме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата кон Европската унија со заштитен македонски идентитет и македонски јазик. Ќе продолжиме со реформите, со уште посилен интензитет, рече премиерот.

Тој додаде дека нема да дозволат неуспехот на Европската унија со неодобрувањето на преговарачката рамка да предизвика застој во внатрешните реформи.

– Нема отстапување од стремежите кон остварување на стратешките цели кои се поставени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка. Без разлика што Европската унија ни испрати лош сигнал за проширувањето, сите ние и како држава, и како влада, и како народ, остануваме посветени на истиот стратешки колосек. Постигнување и одржување на добрососедските односи, активно учество во Алијансата како членка во НАТО и непоколеблива посветеност на членството во ЕУ, рече Заев.