Премиерот Зоран Заев во интервју за „Алсат“, јавно призна дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков лично разговарал со 8-те одметнати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и им вршел приутисок да гласаат за промена на уставното име.
– Сашо Мијалков збореше со пратеници заради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се збори, во Скопје, насекаде, дека он зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал. – рече Заев.
Во однос на притворот на Сашо Мијалков, Заев и тука вели дека, можело да се случи да не биде притворен ако бил во интерес на политичкиот процес.Ова негова изјава наведува на сомнеж дека, власта иако тврдеше и понатаму има влијание врз судските одлуки.
– На сред процес тој беше притворен. Зошто? Правниот систем си ја гледа својата работа. Ако тоа беше во функција на политиката, ќе го оставеа тука за да помогне. – додава Заев.
Понтаму Заев изјави дека и за бегството на Никола Груевски, можела да се реши работата со кревање слушалка кај судија.
– Го оставивме процесот да тече. Можевме да се јавиме на судија, да го одложи, можевме да не го осудат. -рече тој.
Пратеничката Елизабета Кначеска Милескана на нејзиното последно судење ја убедуваше јавноста дека таа гласала за Северна Македонија по сопствено убедување и дека никој не и извршил притисок. И на денот на гласањето Канческа Милеска, се правдаше дека гласот дава за европската иднина на државата и ги прозва пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека ги кочеле процесите.
Инаку, пред да се изгласаат уставните измени, имаше обид за промена на член од Кривичниот Законик, со кој од вина би се ослободиле пратеници и поранешни функционери против кои се водат постапки од страна на Специјалното Јавно Обвинителство. Промените на кривичниот законик не поминаа, но според извори на Макфакс, ќе се бара друго законско решение, пратениците кои се осомничени, а избегаа од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред лицето на правдата.