Повисоки казни, засилени контроли, задолжувања. Значи ли ова дека државната каса е празна?! Ова прашање се поставува откако власта реши да казнува на секој чекор и во ек на тешка здравствена и економска криза, пишува Курир.
Во Македонија еден обичен граѓанин од пат од дома до работа, може да добие еден куп казни, кои можат да го чинат цело богаство и да прогласи банкрот. И покрај големата економска криза која ја погоди Македонија, во време кога над 40.000 граѓани остануваат без разбота, кога се нема редовни месечни примања, казните не запираат. По околу 700 казни во просек на ден изрекува МВР за неносење на заштитна маска, шал или марама. Од изрекувањето на мерката до денес, бројката на прекршители не се намалува.
Уредбата на Владата беше донесена на 22 април, а стапи на сила ден подоцна, но најпрвин граѓаните добиваа само опомена, а од први мај започнаа да се изрекуваат и казни за оние кои не ја почитуваат мерката. Казната изнесува 20 евра, а доколку се плати во рок од 7 дена сумата е двојно помала или 10 евра.
Според податоците на МВР, од мај до 4 август вкупната бројка на прекршоци изнесувала 36.626 или во просек околу 12 илјади месечно. На дневно ниво пак просекот се движи на околу 400 изречени казни, а истиот тренд продолжува. Тоа значи дека МВР секојдневно инкасира најмалку 4.000 евра или месечео најмалку 120 илјади евра.
Неколку месеци пооцна односно на 29 октомври во Собранието беше изгласан законот за задолжително носење на маска и надвот. Законот стапува на сила ден подоцна. И за десет дена откако е стапен законот на сила за носење задолжително маска надвор се казнети околу 5.326 граѓани. Ако казните се движат 20 евра, значи дека државата за десет дена го наполнила буџетот за 106.520 евра. A, ако се навратиме за месец октомври се изречени околу 24.573 прекршоци, кога ќе се помножат со 20 евра тогаш буџетот за месец октомври се наполнил за 491.460 евра.
Казни за ова, казни за она. Граѓаните велат дека глобите се високи и ако ги казнат за нешто, не можат да си ги платат, затоа што платите им се мали и нередовни.
Парите што во буџетот се слеваат во име на казни и глоби, одат во буџетот и потоа властите си ги распоредуваат кај што сакаат.