Македонија 06. септември 2019. / 15:39

Заев ја брани Јанева: Има деловни луѓе кои потпишуваат и плати од затвор

Заев ја брани Јанева: Има деловни луѓе кои потпишуваат и плати од затвор

Премиерот Заев смета дека нема ништо спорно во писмото на специјалната обвинителка Катица која преку писмо побара предметите на СЈО да бидат преземени од Јавното обвинителство.

Има деловни луѓе кои потпишуваат и плати од притвор, појасни премиерот.

Според Заев, не се далеку од решение за Законот за јавно обвинителство и вели дека и ако не се најде решение предметите ќе одат кај државното обвинителство.