Македонија 21. јуни 2020. / 13:13

Заев избега од новинарите во Штип: Не сакаше да одговори за новите снимки и за бомбата во Ѓорче

Заев избега од новинарите во Штип: Не сакаше да одговори за новите снимки и за бомбата во Ѓорче

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска одби да даде изјава за медиумите и да одговори на критичните прашања кои се отворија во изминатите неколку дена.

За денес во 11:00 часот, во Штип, на местото “Три чешми”, Заев заедно со генсекот на неговата партија, преку МИА имааа најавено изјава за медиумите.

Но, новинсрските екипи останаа разочарани, затоа што лидерот на СДСМ само направи увид на градежни работи и не застана да зборува пред медиумите.

Критичните прашања на кои Заев требаше да одговара се експлозивот кој синоќа беше фрлен над семејната продавноца на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во скопската општина Ѓорче Петров.

Заев требаше да одговара и за новите снимки кои се појавија а според кои се отворија индиции дека парите од рекетот завешиле кај него и кај неговиот брат.