Македонија 08. септември 2019. / 17:38

Заев избега од новинарите: Граѓаните не добија одговор зошто „ИФИМЕС“ се плаќа со државни пари

Заев избега од новинарите: Граѓаните не добија одговор зошто „ИФИМЕС“ се плаќа со државни пари

Зоран Заев денеска на прославата на Школка избега од новинарите кога му побараа одговор на прашањата: Колку му плаќа на „ИФИМЕС“ за да го советува и како си дозволува овој институт, кој е водечки словенечки поддржувач на СДСМ, но и обоен со скандали во Словенија, да добива државни пари? На прославата на Школка неговиот пи ар тим рече оти не се предвидени изјави. А на таа во Драчево каде замина потоа, избега од камерите.

Инаку, како што вчера објави Алфа, ИФИМЕС и е познат на јавноста по отворените лобирања преку анкети, трибини и други начини за Заев и СДСМ – пред да дојдат на власт но и потоа. Имено во предреферендумскиот период ИФИМЕС објави анкета дека околу 64 проценти Македонци ќе излезат да гласаат, што потоа не се случи. Заев, но и шефот на државата, Пендаровски беа учесници на конференциите на Институтот, одржани изминатите месеци во Словенија. Но тоа не е се. Имено во 2016 година еден од првите луѓе на ИФИМЕС, Зијад Беќировиќ е обвинет од словенечките медиуми дека добил десетици илјади евра од градот Копар за фиктивни консултантски договори, за кои постои силен сомнеж дека се работи за испумпување пари од сметките на градот Копар, кои потоа се делеле со градоначалникот. Овие тогашни обвинувања се поклопуваа со кампањата на СДСМ пред изборите во декември истата година, кога ИФИМЕС интензивно се вклучи во поддршката на Заев.
Овој институт во 2017 ја прогласи Катица Јанева за „најдобар обвинител на Балканот“. Вчера од Влада за Алфа рекоа ангажманот е исклучиво за потребите на Владата.