Македонија 15. јуни 2020. / 18:52

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешна пратеничка на СДСМ

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешна пратеничка на СДСМ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочуство до семејството на починатата професорка и доктор и поранешна пратеничка на СДСМ, Магдалена Антова Велевска

Во телеграмата меѓу друго се наведува:

Со искрена жал ја примив веста за смртта на доктор Магдалена Антова Велевска, истакната професорка и докторка и почитувана членка и поранешна пратеничка на СДСМ. Упатувам длабоко сочуство до семејството за загубата. Нејзиното заминување на е загуба само на вашето семејство, туку на здравствената и научната фела, тоа е загуба за државата и стручната јавност. Искрено се надевам дека во овие мигови на неизмерна жал, ќе најдете утеха во делата што Магдалена ги остави зад себе, пишува Заев.